• A-
  • A
  • A+
сабота, 25 март 2017, 

НБРМ и Бирото за образование потпишаа Меморандум за соработка

НБРМ и Бирото за образование потпишаа Меморандум за соработка

Скопје, 12 јануари 2017 (МИА) - Поголема писменост и едукација преку изготвување политики, спроведување истражувања и анализи, преземање заеднички активности за подигање на јавната свест и размена на релевантна експертиза, предвидува Меморандум за соработка што денеска го потшишаа гувернерот на Народната банка на Република Македонија (НБРМ) Димитар Богов и директорот на Бирото за развој на образованието Весна Хорватовиќ.

Како што соопшти НБРМ, двете институции ќе вршат консултации за стратегиски прашања на национално и меѓународно ниво, ќе подготвуваат наставен и прирачен материјал за основните и средните училишта од областа на финансиската писменост и ќе организираат обуки и други едукативни активности со кои ќе бидат опфатени наставниците и учениците

- Со овој Меморандум се очекува да се зацврсти соработката меѓу двете институции во областа на финансиската едукација со што ќе се придонесе за зголемување на свеста кај учениците и јакнење на нивните финансиски знаења, како и за нивно идно полесно вклучување во современите текови на финансискиот систем, информира НБРМ. мч/паг/10:24

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Неверојатни снимки од најмалите живи суштества

Микроскопите ни овозможуваат да ги гледаме дури и ...

Жените сакаат влакнести мажи

Жените не ги „палат“ ниту стомачни „плочки“, ниту ...

Тригодишно дете заглави во апарат за играчки

Тригодишниот Џими Брејкен Марфи од ирското градче ...

Русија одбива да учествува на Евросонгот преку сателитски пренос

Рускиот „Канал 1“ ја одби понудата од организатори...