• A-
  • A
  • A+

сабота, 24 јуни 2017, 

„Шардоне“ на винаријата „Стоби“ доби златен медал на натпревар во Франција

„Шардоне“ на винаријата „Стоби“ доби златен медал на натпревар во Франција

Скопје, 19 март 2017 (МИА) - Белото вино „Шардоне“ од бербата од 2015 година на винаријата „Стоби“ доби златен медал на 24. Интернационален натпревар на најдобрите вина од сортата „шардоне“ во светот кој се одржа во Франција.

Како што соопштија од винаријата, на натпреварот биле оценувани 706 примероци од 38 земји, меѓу кои и од Јужна Африка, Австралија, Австрија, Канада, Чиле, Шпанија итн. Победниците биле избрани од страна на 300 вински стручњаци, а македонското вино за својот квалитет доби златен медал.

Натпреварот се одржува две децении со цел да се наградат најдобрите „шардонеа“ во светот. Идејата е да се истакне шареноликоста и богатството на ваквиот тип на вино и да се создаде простор каде производителите ќе разменат искуства и контакти. На манифестацијата се промовира и научен пристап и се шират знаењата за „шардоне“.

- Во Македонија не се произведуваат многу бели вина. Познати сме по црвените затоа што имаме повеќе сорти на црвено грозје. Токму поради тоа, овој златен медал ни значи многу и горди сме што нашето „Шардоне“ се издвои помеѓу 706 пристигнати примероци од цел свет. Се работи за вино кое е дел од нашата линија на „класик“ и веќе одамна одлично поминува на македонскиот пазар како и во странство, велат од менаџерскиот тим на „Стоби“.

Винаријата минатиот месец доби и два златни медала за црвените вина „Вердо“ и „Веритас“ од бербата од 2013 година на пролетното издание на престижниот натпревар „Мундус вини“ во Германија. Додека „Р’кацители“ од 2015 година го освои сребрениот медал со што вината се издвоија во конкуренција од речиси 6200 вина од цел свет.

Винаријата е отворена во 2010 година и веќе е втор најголем извозник на вино во шише во Македонија. Годишно се произведуваат 4,5 милиони литри вино кои се распределени во четири категории – премиум, елит, класик и традиционални. хс/сст/10:30

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Качер: Деми ми забрани дружење со нејзините ќерки

Познатата актерска двојка Деми Мур (54) и Ештон Ка...

Две панди пристигнаа од Кина во берлинската зоолошката градина

Транспортен авион пристигна денеска од Кина за Гер...

Прегласниот говор на австрискиот канцелар им пречел на соседите

На една виенчанка и пречел гласниот говор на австр...

Индиско село се прекрсти во - Трамп

Индиско село се преименува од Марора во – Трамп, н...

Шерон Озборн ја шокирала внуката порачувајќи и стриптизер

Сопругата на Ози Озборн, Шерон Озборн (64) и најми...