• A-
  • A
  • A+
вторник, 17 октомври 2017, 

Еврогрупата денеска ќе дискутира за Грција, но не се очекува договор

Еврогрупата денеска ќе дискутира за Грција, но не се очекува договор

Атина, 20 март 2017 (МИА) - Министрите за финансии од Еврозоната денеска ќе се состанат во Брисел за да разговараат за проблемот со Грција, но на средбата не се очекува да биде постигната конкретен договор. 

Во интервју за „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ претседателот на Еврогрупата Јерун Дејселблум изјави дека брзото завршување на започнатиот преглед на грчката спасувачка програма тешко ќе биде постигнато.

Тој додаде дека не верува оти институциите ќе го финализираат тој преглед пред седницата на Еврогрупата на Малта во април. 

Грција и нејзините меѓународни кредитори се уште имаат несогласувања за три клучни теми, социјалното осигурување, реформа на пазарот на трудот и енергетиката. 

Атина првично се надеваше дека спогодбата со кредиторите е можна до 20 март. Сега очекувањата се таа да биде постигната на 7 април. Пред повеќе од една недела тимовите на кредиторите отпатуваа од Грција поради несостиг на согласност. 

Оценката на грчката програма од страна на кредиторите е неопходна за да може Грција да ги добива траншите од заемот, во спротивно земјата нема да може да го враќа државниот долг. 

Грција доби три спасувачки програми од пакетот од меѓународните кредитори од 2010 година досега. Последната спогодба за кредит е со вкупна вредност од 86 милијарди евра и таа беше договорена во јули минатата година. Од таа сума досега се усвоени 31,7 милијарди. 

Во замена грчката Влада ги зголеми даноците и ги намали пензиите и платите. Сега целта на Атина е да договори нова спогодба со кредиторите без ангажмани за повеќе мерки на штедење. ац/сп/09:38

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Како да направите „сирена тост“

Креативните луѓе на друштвените мрежи постојано по...

Лувр отвора свој музеј во Абу Даби (видео)

Музејот Лувр наредниот месец официјално ќе ја отво...

Виетнамка роди бебе со тежина од над седум килограми

Родилка од Виетнам викендов, со царски рез роди бе...

Вирусот откриен пред 100 години може да ги замени антибиотиците

Се очекува дека резистенција на антибиотици, однос...

„Егзит“ во март 2018 година почнува со нов фестивал на Јахорина

Откако во 2014 година го почна „Sea Dance“ на плаж...