• A-
  • A
  • A+

среда, 23 август 2017, 

Кодфест тек фестивал од 7 до 9 април во Охрид

Кодфест тек фестивал од 7 до 9 април во Охрид

Скопје, 20 март 2017 (МИА) -  Дваесет и седум тима ќе учествуваат на  32 часовен технолошки натпревар во развивање технолошки идеи во рамки на Кодфест тек фестивал (Codefest Tech festival), што ќе се одржи од 7 до 9 следниот месец во Охрид. 

Петтото издание на Кодфест ќе се одвива под мотото „Славење на иновациите во технологиите“. Ќе понуди и еднодневна конференција за технологија и стартапи со околу 400 учесници, пред кои ќе говорат реномирани технолошки и бизнис експерти од САД, Велика Британија, Шпанија, Данска и Македонија. Паралелно со маратонот и конференцијата ќе се одржи мини саем на компании и организации од областа на технологијата, на кој ќе се претстават 15 стартапи.

Организаторот и основач на фестивалот, здружението „Старт ап зона“ најавува и одржување на 15 работилници на различни теми како хардвер, маркетинг, социјални медиуми,  hands-on hacking, growt hackin,...

- Со фестивалот се дава можност на  младите и најиновативните лица од државава и странство да се претстават интернационално. Носиме голем број  меѓународни експерти кои се дел од настанот во различен формат, како спикери, ментори и жири и директна поддршка на тимовите на Кодфест маратонот. Целта е да се доближат до меѓународниот технолошки свет,  да добијат видливост и валидација  во рана фаза на нивните идеи и проекти, изјави Јасна Тренгоска, коосновач на Кодфест. 

Покровител и коорганизатор на Кодфест годинава е Фондот за иновации и технолошки развој. Нивни тимови ќе одржат практична работилница како да се подготват поквалитетни предлог проекти за четвртиот повик со кој се доделуваат  милион и 450 илјади евра, со кои ќе може да се поддржат 25 претпријатија. 

- Компаниите имаат можност да добијат до 100.000 евра. Се надеваме дека овие работилници ќе помогнат и ќе генерираат добри идеи и квалитетни  проекти од кои Фондот ќе има можност да избере  и понатаму во  текот на годината да ги финансира, изјави директорката Фондот за иновации и технолошки развој Јасмина Поповска.

На досегашните изданија на Кодфест искуства и знаења со учесниците разменуваа претставници од „Фејсбук“, „Вибер“, „Мајкрософт“, „Гугл“... Нивното искуство од работата со младите од Македонија, истакна Тренгоска, е дека се доста амбициозни, талентирани, со разновидни способности. - Тоа е ресурс на Македонија кој треба да се искористи, рече Тренгоска.

Посочувајќи на резултатите на досегашните учесници на Кодфест Тренгоска наведе дека победничкиот тим од минатогодишниот  Кодфест, пред некое време го лансираше стартапот резервирај.мк и учествуваше во акцелераторската  програма на Сивус инкубатор.

- Сме имале доста слични приказни кои се успешни,  стартапи  кои формално или неформално соработуваат со странски компании. Како пример, од минатогодишниот Кодефест е и стартап што работеше на хардверско решение, а кои моментално работат со британска компанија и веќе треба да почнат со масовно производство на продуктот, информира Тренгоска.лв/са/12:07

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Рајан Гослинг и Харисон Форд во продолжението на „Блејд Ранер" (видео)

Денис Вилнев, моментно еден од најбараните режисер...

Марк Вoлберг - најплатен глумец во светот

Според годинешната листа најплатени актери во свет...

Почна снимањето на продолжението на „Мама миа“

Хитот од пред една деценија, филмот „Мама Миа" ќе ...

Трка на жирафи и носорози во зоолошка во САД по повод еклипсата

Штурците и другите животни станаа побучни кога зоо...

Двојка од САД си го крсти бебето Eклипс (затемнување)

Брачна двојка од Јужна Каролина, САД, го крсти сво...