• A-
  • A
  • A+
сабота, 21 октомври 2017, 

Работилница за партнерство за подобра бизнис регулатива во Македонија

Работилница за партнерство за подобра бизнис регулатива во Македонија

Струмица, 20 април 2017 (МИА) - Претставници на микро, мали и средни претпријатија и старт ап компании денеска беа дел од работилницата „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ што ја спроведува УСАИД во соработка со консултантската куќа „Епи центар“.

- Целта ни е да ја подобриме правната и бизнис регулатива за овие видови компании. Од претходно направената анализа ја детектиравме потребата од ваков проект за да им помогнеме на компаниите да ја подобрат правната регулатива, но и да го зајакнеме јавно - приватниот дијалог, истакна Ирена Мојсоска од Стопанската комора на Македонија.

На работилниците, учесниците дискутираат за правата и обврските од Законот за работни односи и Законот за заштита при работа, правата и обврските кои произлегуваат од законите за даночна и царинска работа, како и регулативата за животната средина и прашањата поврзани со неа.

- Досега имавме голем одѕив. Очекуваме по завршувањето на сесиите да направиме анализи од кои ќе произлезат нови или пак ќе има подобрување на некои решенија, рече Мојсоска.

Организаторите најавуваат до 7 јуни да се одржат 18 информативни сесии во 10 градови.

Партнери во реализацијата на четиригодишниот проект се Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на северозападна Македонија и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ). кд/бак/14:37

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.