• A-
  • A
  • A+
понеделник, 11 декември 2017, 

Признание од Глобал Фајнанс за Охридска банка

Признание од Глобал Фајнанс за Охридска банка

Скопје, 21 април 2017 (МИА) - Светскиот финансиски магазин Глобал Фајнанс, публикација на Светска Банка од Вашингтон, ја објави листата на добитници на престижната награда „Најдобра банка за 2017 година“ во регионот на Централна и Источна Европа.

Втора година по ред, Охридска банка Сосиете Женерал е единствената банка од Македонија носител на признанието „Најдобра банка во Македонија“, овојпат за 2017 година, која според уредничкиот одбор на магазинот, еминентните аналитичари од областа и извршни директори во индустријата, покажува најдобри резултати при евалуација на објективни и субјективни критериуми за анализа.

- Оваа награда е навистина значајна за Охридска банка Сосиете Женерал. По тројната круна од „Глобал Фајнанс“, „Еуромани“ и „Банкер” во 2016 година, оваа награда е уште еден доказ за континуираниот раст на банката и нејзината позиција како сигурен финансиски партнер на компаниите и населението. Горди сме што сме значаен учесник во целокупната економија во земјата и нејзиниот одржлив развој. Ние сме банка која постојано расте и успешно поставува нови стандарди во банкарскиот систем во Република Македонија, изјави Бранка Павловиќ, претседател на УО на Охридска банка Сосиете Женерал.

Како што стои во соопштението, таа додава дека и оваа награда ја посветуваат на своите клиенти чија бројка достигнала  повеќе од 75.000.

Признанија годинава се доделени на 22 банки во 22 држави во Централна и Источна Европа. Целта на наградите за најдобра банка е препознавање на финансиските институции кои покажуваат натпросечни напори во испорачување на производи и услуги кои ги пресретнуваат уникатните потреби на клиентите, се вели во изјавата на Јосеф Д. Гиарапуто, издавачот и директор на Глобал Фајнанс магазинот.

Глобал Фајнанс е основан 1987 година и денес има огромен тираж и читатели во 192 земји во светот.

Наградата на Охридска банка Сосиете Женерал за најдобра банка од Македонија на пазарите од Централна и Источна Европа ќе и биде доделена на свечена церемонија на 14 октомври 2017 година во рамките на годишното собрание на ММФ и Светска банка во Вашингтон, САД. скс/паг/13:21

###



Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Суданки казнети со 40 камшици оти носеле панталони

Дваесет и четири Суданки се соочуваат со казна од ...

Уругвај: Скара за во „Гинис“

Уругвај го собори Гинисовиот рекорд во печење скар...

Севернокорејскиот лидер го контролира и времето

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун се искачи на н...

Италијанец го премина Тибар одејќи по јаже

Италијанскиот еквилибрист Андреа Лорени, одејќи по...