• A-
  • A
  • A+
понеделник, 11 декември 2017, 

Незадоволни работници реагираа пред „Фени“

Незадоволни работници реагираа пред „Фени“

Кавадарци, 24 ноември 2017 (МИА) - Незадоволни работници денеска реагираа пред „Фени индустри“ од Кавадарци. Како што изјави Сашо Рајчиновски вработен во „Фени“, овие денови синдикалците одржувале состаноци зад затворена врата, а вработените не знаеле што се случува.

- Се пласираат лажни информации се со цел да се одолговлече проблемот кој според мене е наметнат од некој од челниците на фабриката и лицето Ј.М кое е во бегство. Целта нивна е, сметам, да се заташка огромниот криминал и се поголема штета на инвеститорот кој е во исчекување, нагласи Рајчиновски.

Изрази сомнеж дека упорно се шират лажни информации до вработените како ќе се сределе проблемите. Но, според него, сето тоа е само „лажна фарса и штитење на дел од криминалната група“.

- Овие денови е вршен притисок врз вработените со тоа ако не ги поддржуваат синдикалците и криминалната група од разрешеното раководство, кои упорно го наметнуваат бугарскиот „Енекод“, дека ќе бидат избркани од работа. Јавно кажувам дека секој притисок врз вработените ќе биде пријавен и кривично гонет, нагласи тој, повикувајќи ги работниците да не се плашат и јавно да зборуваат за проблемите околу „Фени“ и покренатата стечајна постапка, додаде тој. свд/нд/16:03

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Суданки казнети со 40 камшици оти носеле панталони

Дваесет и четири Суданки се соочуваат со казна од ...

Уругвај: Скара за во „Гинис“

Уругвај го собори Гинисовиот рекорд во печење скар...

Севернокорејскиот лидер го контролира и времето

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун се искачи на н...

Италијанец го премина Тибар одејќи по јаже

Италијанскиот еквилибрист Андреа Лорени, одејќи по...