• A-
  • A
  • A+
недела, 21 јануари 2018, 

Во ноември повисоки цените на мало и трошоците на живот

Во ноември повисоки цените на мало и трошоците на живот

Скопје, 7 декември 2017 (МИА) - Трошоците на живот и цените на мало во ноември годинава во однос на претходниот месец бележат раст од 0,2 проценти, а во однос на ноември минатата година трошоците на живот раст од 2,2 проценти, додека цените на мало од 4,6 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Порастот на индексите на трошоците на живот од 0,2 проценти, во ноември 2017 година во споредба со претходниот месец, е резултат на повисоките индекси на сирењето и урдата за 2,4 отсто, замрзнатото овошје за 1,8 отсто, компирот за 1,5 отсто, оризот, сушениот зеленчук, другиот конзервиран и преработен зеленчук за 1,1 отсто, другите прехранбени производи за 0,9 отсто, другите пекарски производи и месото за 0,8 отсто, млекото за 0,6 отсто, маслото и маснотиите за 0,5 отсто, рибата и морските плодови, цигарите за 0,4 отсто, брашното и другите жита за 0,3 отсто, трбушките, сушеното, соленото и чаденото месо за 0,2 отсто.

Во ноември, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 5,8 отсто, болничките услуги за 4,7 отсто, телефон и телефакс-опремата за 4,4 отсто, течните горива за домаќинствата за 4,1 отсто, информатичката опрема за 3 отсто, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 2,6 отсто, гасот за домаќинствата за 2,3 отсто, цврстите горива, накитот и часовниците за 1,5 отсто, поправка на електричните апарати за 1,3 отсто, средствата за чистење и одржување на станот, дисковите, касетите, дискетите, цедеата, филмовите за 1,1 отсто, игрите, играчките и хобијата за еден процент, обувките за 0,9 отсто, теписите и другите покривки за под, другите услуги за опрема за сопствен превоз за 0,7 отсто, книгите за 0,5 отсто, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0,4 отсто, облеката, услугите за култура за 0,3 отсто, мебелот за домаќинствата, поправките на мебелот, покуќнината и покривките за под, текстилот за домаќинствата, големите електрични апарати за домаќинствата, терапевтските помагала и другите лични предмети за 0,2 отсто.

Намалување на индексите на трошоците на живот, во ноември 2017 година во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото и разладеното овошје за 8,9 отсто, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 1,2 отсто, сувото овошје и јаткастите производи за 1,1 отсто, свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за еден процент.

Исто така, во ноември, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај опремата за спорт, кампирање и рекреација во природа за 3,5 проценти, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема за домаќинствата, авионскиот превоз на патници за 2,7 отсто, алатите и опремата за куќа и градина за 1,5 отсто, патниот сообраќај, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање за 0,8 отсто, материјалите за одржување и поправки на станот, градините, растенијата и цвеќињата за 0,6 отсто и резервните делови и опремата за сопствен превоз за 0,3 отсто.скс/сд/15:46

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Фејсбук повикува на борба против лажните вести

Социјалната мрежа Фејсбук ги повика своите корисни...

Во Лондон одложен лет поради пијан пилот

Авион на „Бритиш ервејз“ со два часа задоцнување п...

Том Пети починал од случајно предозирање со аналгетици

Познатиот американски музичар Том Пети починал од ...

Ким Кардашиан ги разбесни фановите со новата фотографија

Најпознатата старлета во светот Ким Кардашиан обја...

И Путин скокаше по крстот

Рускиот претседател Владмир Путин (65) денеска ско...