• A-
  • A
  • A+
петок, 19 јануари 2018, 

Годишната инфлација во Турција за декември изнесувала 11,9 проценти

Годишната инфлација во Турција за декември изнесувала 11,9 проценти

Анкара, 3 јануари 2018 (МИА) - Потрошувачките цени во Турција во декември се зголемиле за 11,9 отсто во споредба со истиот месец минатата година, покажуваат податоци што денеска ги објави турскиот институт за статистика.

Инфлацијата во декември била пониска од 12,98 проценти колку што изнесуваше претходниот месец, што беше највисоко ниво на стапката на инфлација во последните 14 години.

Трошоците за превоз во декември пораснале за 18,24 проценти на годишно ниво, а цените на храната и безалкохолните пијалоци се зголемиле за 13,79 проценти. Цените на здравствената заштита и стоките за домаќинство, исто така, забележале двоцифрено зголемување.

Турција соопшти дека во третиот лански квартал остварила економски раст од 11 отсто, но инфлацијата останува висока и лирата се уште е слаба во однос на странските валути.

Лирата падна и по денешната објава за податоците за инфлацијата, па така во моментов едно евро чини 4,5 лири, а за еден долар се добиваат 3,77 лири. јт/сп/11:28

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Ким Кардашиан ги разбесни фановите со новата фотографија

Најпознатата старлета во светот Ким Кардашиан обја...

И Путин скокаше по крстот

Рускиот претседател Владмир Путин (65) денеска ско...

Папата венча стјуардеса и стјуард во авион

Папата Франциско ги венчаше стјуардесата и стјуард...

Волк побегна од резерват во близина на училиште во британскиот град Рединг

Волк избега од резерват за диви животни, кој е во ...

Харвард работи на „таблета за генијалност"

Научници од Универзитетот Харвард сметаат дека „ск...