• A-
  • A
  • A+
недела, 21 јануари 2018, 

Нормираниот учинок ја урива исплатата на минималната плата во конфекциите во Источна Македонија

Нормираниот учинок ја урива исплатата на минималната плата во конфекциите во Источна Македонија

Штип, 3 јануари 2018 (МИА) - Осумдесет проценти од работодавците во источниот регион им исплатиле минимална плата на текстилните работници. Во две конфекции во Штип и Неготино, според информациите на Регионалната канцеларија на Сојузот на синдикати на Македонија од Штип, забележано е враќање пари на рака.

Анализите на синдикатот покажуваат дека работниците во реализирањето на своите обврски биле успешни во август и септември, додека во октомври, според некои сопственици на конфекции, покажале успешност од околу 65 проценти во шиењето на текстилните производи. 

- Ако претходните месеци биле успешни, како тогаш сега тие работници станале неуспешни. Ова се пренесува во многу фирми во источниот дел на земјата се е со цел да се намали основицата и минималната плата да биде помала за работниците што ќе ја земаат. Но, од друга страна се рефлектира и на придонесот којшто треба да го уплатуваат работодавците и тој од околу 5.000 денари се намалува на 3.630 денари што се совпаѓа со барањата на работодавците во текстилната и кожарската индустрија да се плаќаат по 50 евра придонеси, вели Горан Трајков, претседател на Регионалната канцеларија на ССМ од Штип.

Тој посочува дека има докази за ова кои му се доставени од страна на работниците на кои не им е исплатена минимална плата согласно донесениот закон.

Според Трајков, преку нормираниот учинок се урива исплатата на минималната плата, а во една од конфекциите работниците се казнети по 2.700 денари со образложение дека ја немаат реализирано поставената норма.

Единственото решение за овој проблем, според Синдикатот, е формирање на државен Совет, којшто на годишно ниво би ја утврдувал нормата на работниците во сите индустриски гранки. Предлогот е Советот да биде составен од претставници на синдикатот, ресорните министерства и работодавците. вдј/бак/15:05

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Фејсбук повикува на борба против лажните вести

Социјалната мрежа Фејсбук ги повика своите корисни...

Во Лондон одложен лет поради пијан пилот

Авион на „Бритиш ервејз“ со два часа задоцнување п...

Том Пети починал од случајно предозирање со аналгетици

Познатиот американски музичар Том Пети починал од ...

Ким Кардашиан ги разбесни фановите со новата фотографија

Најпознатата старлета во светот Ким Кардашиан обја...

И Путин скокаше по крстот

Рускиот претседател Владмир Путин (65) денеска ско...