• A-
  • A
  • A+
среда, 21 февруари 2018, 

Менаџментот на прилепски „Еурокомпозит“ подготвен за разговори со синдикатот

Менаџментот на прилепски „Еурокомпозит“ подготвен за разговори со синдикатот

Прилеп, 9 февруари 2018 (МИА) - Потребно е итно решавање на проблемите на вработените во „Еурокомпозит“ со неисплатените плати и придонеси и од комуникацијата со претставници од Владата сериозно се работи на изнаоѓање решение. Најатрактивно, за што Владата е заинтересирана, е изнаоѓање странски инвеститор, вели Александар Кузески, директор на прилепската наменска фабрика и единствен загубар „Еурокомпозит“.

Кузески е подготвен да разговара со синдикатот и се надева дека ќе дојде до договор, потврдувајќи дека ситуацијата во фабриката не е поволна и засега може да се исплаќаат аванси на плата.

- Иако звучи како клише, најдобро решение е да се продолжи со работата и вработените колку-толку да земаат плата. Но, тоа е одлука на синдикатот. Се надевам дека разговорите кои ќе ги водиме ќе доведат до договор до изнаоѓањето трајно решение за компанијата. Многу е тешко да се изнајде мотивација. Најатрактивно решение е да се најде странски партнер за што повеќе е заинтересирана и Владата, рече Кузески.

кузески еурокомпозит

 

Според него, има повеќе странски компании кои се заинтересирани за компанијата.

- Факт е дека во овие услови во кои работи компанијата и со овој обем на работа не може да се обезбедува целосно бруто плата за сите вработени. Може да се плаќаат минималните трошоци, но секако, итно е решавањето на проблемот со вработените. Од комуникацијата со претставници на Владата сериозно се работи на изнаоѓање решение. Без разлика на проблемите, компанијата е доста атрактивна за странски инвеститори и со мало вложување во модернизацијата, компанијата може солидно да работи, вели Кузески.

Тој објаснува дека во моментов има договори за работа со МВР и со странски партнери.

- Но, обемот на работа не е доволен и може минимално да се исплаќаат аванси. За пет месеци се исплатени одредени аванси во линеарен износ, на барање на синдикатот за социјален мир колку-толку да се работи. Повторно ќе настапиме со преговори со синдикатот. Најдобро е да продолжиме со работа, да се плаќаат аванси и да се одржи имиџот на компанијата пред заинтересираните странски инвеститори, вели директорот на „Еурокомпозит“, Александар Кузески. ем/вг/16:33

 

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ