• A-
  • A
  • A+
понеделник, 20 ноември 2017, 

„Гига мега бајка“- премиера на Театарот за деца и младинци

„Гига мега бајка“- премиера на Театарот за деца и младинци

Скопје, 15 ноември 2016 (МИА) - „Гига мега бајка“ е новата премиера на Театарот за деца и младинци и прва режија на Хана Миленковска во ТДМ, која ќе биде изведена утревечер од 19 часот. Претставата содржи фрагменти од две познати приказни за деца - „Црвенкапа“ и „Заспаната убавица“, и една нова бајка на авторот Горјан Милошевски во соработка со режисерката. 

Тие денеска на прес-конференција истакнаа дека се работи за спонтано, динамично, едукативно и забавно раскажување на приказните на нов начин - со нивна преработка, импровизации и со промена на ликовите и ситуациите во кои тие се наоѓаат. Целта е  да се поттикне имагинацијата на децата.

- Сакавме да направиме отстапка од она што децата го знаат како приказни коишто се популарни и направиме една модерна деконструкција на бајките. Тоа не е нова идеја, се случувало и претходно, го има во цртаните филмови, меѓутоа она што за нас беше најважно да го постигнеме беше да воведеме нов шаблон на нарација со кој децата понатаму ќе може да се служат кога ќе создаваат сопствени приказни. Идејата е дека секој може да биде креатор на сопствената приказна и дека од приказните кои сите ги знаеме може да извлекуваме она што нам ни е интересно и да создаваме свои, рече Миленковска.

Милошевски посочи дека настојувале да ги променат и освежат познатите приказни, да ги соединат со духот на модерното време, со што ќе има повеќе простор за фантазија и за интеракција.

гига мега бајка

- Понудивме свеж концепт на раскажување на познатите приказни наместо верно следење на приказната од книга, зашто кога се раскажуваат на ист начин приказните стануваат здодевни. Ова не е едностран процес, туку комуникација во која учествува и детето. Кога се импровизира и менува, се поттикнува и неговата имагинација, рече Милошевски за новата претстава на ТДМ во која играат четворица актери: Бојан Кирковски, Симона Спировска, Мартин Јорданоски и Мики Анчевски. 

Во функција на новиот раскажувачки пристап се и костимите изработени од Елена Додевска, музиката на Виктор Апостоловски и кореографијата на Валентино Апостоловски и минималистичката сценографија на Влдимир Лукаш која опфаќа и невообичаени реквизити и, како што рече Миленковска, прават голема отстапка од она што се очекува од една бајка. 

Претставата трае 50-ина минути и е наменета за деца над пет години, но и за возрасни, токму поради новиот начин на нивното раскажување.

Според директорот на ТДМ Братислав Димитров, да се прави мистификација и демистификација, без притоа да се изгуби целовитоста на текстот, носи новитет во драматургијата.

- Суштината на уметничката креација е да се упадне во непознатото, а за тоа треба храброст и голем ризик, рече Димитров на прес-конфернцијата. Тој истакна и дека стратегија на нивниот театар е во секој проект да учествуваат млади автори, режисери, сценографии... - Ова е млада екипа која е креативна во секој сегмент, додаде Димитров за авторската екипа на „Гига мега бајка“. хс/бак/13:08

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Форбс“: Бијонсе е најплатената жена во светот на музиката

Списанието „Форбс“ ја прогласи Бијонсе за најплате...

Германски научник: Не треба да се плашиме од роботите

Футуристот Матијас Хоркс, кој е основач на германс...

Необична појава на небото над Лапонија (видео)

Атле Сталесен, новинар од финскиот весник „Баренц ...

Руска пензионерка освои седум милиони евра на лотарија (видео)

Пензионерка од руската Вороњешка Област, 600 килом...

Озлогласениот убиец Чарлс Менсон почина на 83-годишна возраст

Еден од најозлогласените криминалци на светот, Чар...