• A-
  • A
  • A+

петок, 28 јули 2017, 

Објавена книгата „Македонија – живот и предели“ од група германски автори

Објавена книгата „Македонија – живот и предели“ од група германски автори

Скопје, 10 јануари 2017 (МИА) - Книгата „Македонија – живот и предели“ од група германски автори ја објави Друштвото за издавачка дејност „Македоника“ од Скопје.

Книгата е во превод од германски јазик на Слободанка Поповска, а со предговор за германската македонистика пред, за време и по Првата светска војна на проф. д-р Волф Ошлис.

Оваа книга содржи текстови за Македонија од германски автори кои неа ја истражувале за време на Првата светска војна или по разни поводи потоа пишувале за Македонија. Трудовите се однесуваат на Македонија и на нејзиното население, обичаите, етнографијата, земјата, историјата... Во овој зборник, меѓу другото, делумно е објавена „Етнографија на Македонија“ (1924) на Густав Вајганд (1860-1930, раководител на Македонската земска комисија) и дел од зборникот „Македонија – животот и сликата на пределот“, подготвен од Херберт Ертел, а од кој, освен негов текст, преземени се текстови на Герхард Геземан, Јозеф Берге, Јозеф Мерц, Алојз Шмаус и Ханс Ерке.

Во книгата се објавени и 137 фотографии од германски војници или истражувачи, снимени во Македонија за време на Правата светска војна и во периодот меѓу двете светски војни.

Како резултат на германските проучувања на Македонија во минатото, а првенствено во периодот на Првата светска војна, кога со логистичка поддршка на германската војска на територијата на Македонија истражувала групата германски научници позната како „Македонска земска комисија“, по војната во Германија се објавени неколку публикации посветени на Македонија. рп/дма/11:02

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Епохално откритие на научник во врска со потеклото на човечкиот род

Луѓето настанале од материја која патувала милијар...

Мајк Тајсон: Бев силуван како дете

Еден од најдобрите боксери на сите времиња Мајк Та...

Ријана најави големо изненадување за во септември

Поп пејачката Ријана денеска ја посети Елисејската...

Анџелина Џоли се труди да биде добра мајка и домаќинка

Анџелина Џоли ги остави филмовите и ангажманите на...

Американски министер жртва на руски шегаџии

Американскиот министер за енергетиката, Рик Пери б...