• A-
  • A
  • A+
сабота, 21 јануари 2017, 

Филмот „Ослободување на Скопје“ прикажан на фестивалот во Палм Спрингс

Филмот „Ослободување на Скопје“ прикажан на фестивалот во Палм Спрингс

Скопје, 11 јануари 2017 (МИА) - Филмот „Ослободување на Скопје” во режија на Раде и Данило Шербеџија беше прикажан на 28-миот Филмски фестивал во Палм Спрингс, Калифорнија, како дел од програмата „Awards Buzz Fest Foreign Language Film“, соопшти продукцијата „Партизанс“. 

- Филмот имаше проекција на 9 јануари, а втората прокеција ќе биде одржана на 11 јануари 2017 година во киното Регал. По првата проекција, филмот беше прифатен со одлични реакции и публиката имаше можност да му поставува прашања на режисерот Данило Шербеџија, соопшти „Партизанс“.

Филмот е копродукција меѓу Македонија, Хрватска и Финска,  финансиран од Агенцијата за филм на Македонија и поддржан од Еуримаж.

Главните улоги ги играат: Давид Тодосовски, Силвија Стојановска, Раде Шербеџија, Луција Шербеџија и Небојша Глоговац. хс/08:08

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ