• A-
  • A
  • A+

среда, 20 септември 2017, 

Меѓународен ден на Франкофонијата

Меѓународен ден на Франкофонијата

Скопје, 20 март 2017 (МИА) - Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје денеска на прес-конференција ќе ги соопштат активностите за одбележување на 20 Март - Меѓународниот ден на Франкофонијата.

На прес-конференцијата ќе се обрати амбасадор на Франција Кристијан Тимоние, а ќе присуствуваат и дипломатските претставници на повеќе земји членки на Меѓународната организација на Франкофонијата: амбасадорот на Албанија Фатос Река, амбасадорка на Австрија Ренате Коблер, бугарскиот амбасадор Великов Петков, Димитрос Јанакакис, шеф на Канцеларијата за врски со Грција, романскиот амбасадор Виорел Станила и Сибил Ситер Тежада, амасадор на Швајцарија. 

Македонија членува во Меѓународната организација на Франкофонијата од 2006 година и има активна улога во промовирањето на Франкофонијата во рамките на Југоисточна Европа.

- Во Македонија денес има повеќе од 50.000 активни говорители на францускиот јазик во најразлични општествени сектори, а токму францускиот јазик е заедничкиот именител којшто ги обединува земјите членки на Франкофонијата, наведуваат организаторите.

Меѓународната организација на Франкофонијата е основана во 1970 година со цел да го промовира францускиот јазик, културната и јазичната различност, промоција на мирот, демократијата и човековите права, поддршка на образованието, како и развивање на соработката во служба на оддржливиот развој и на солидарноста. вг/хс/07:30

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Истражување: На чантите има повеќе бактерии отколку во тоалетната школка

Според најново истражување на Институтот „Гуд Хаус...

Личните предмети на Одри Хепберн првпат на аукција

Аукциската куќа во Лондон, Кристис, за првпат орга...

По 75 години брак, сопружници починале на ист ден

Британка и Канаѓанец, кои се венчале за време на В...

Се продава магазинот „Ролинг Стоун“

Во интервју за „Њујорк Тајмс“, Венер изјави дека т...

АББА планира „холограм турнеја“ во 2019 година

Шведската поп група АББА планира светска турнеја в...