• A-
  • A
  • A+
понеделник, 11 декември 2017, 

„Бајки од Македонија“ по повод Светскиот ден на раскажувањето сказни

„Бајки од Македонија“ по повод Светскиот ден на раскажувањето сказни

Скопје, 20 март 2017 (МИА) - Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине“ и издавачката куќа „Арс ламина“ по повод Светскиот ден на раскажувањето сказни денеска во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ организираат средба со деца-првачиња кои ќе слушнат приказни од едицијата „Бајки од Македонија“.

Приказните кои произлегуваат од усната раскажувачка традиција во Македонија на најмладата популација ќе им ги раскажат млади актери.

 - Волшебните приказни од оваа едиција претставуваат модернизиран и адаптиран приказ на сказни од македонското народно творештво собрани од Марко Цепенков и Танас Вражиновски, а публикувани од издавачката куќа „Арс ламина“, соопштија организаторите кои на настанот ќе објават и донација за градските библиотеки низ Македонија. хс/бак/ 07:31

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Севернокорејскиот лидер го контролира и времето

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун се искачи на н...

Италијанец го премина Тибар одејќи по јаже

Италијанскиот еквилибрист Андреа Лорени, одејќи по...

Пронајдена најстарата древноегипетска гробница

Египетски археолози открија досега две неистражени...

Село во Германија продадено за 140.000 евра

Селото Алвине во германската сојузна покраина Бран...

Трка на над 7.000 Дедо Мразовци во центарот на Мадрид

Над 7.000 лица во костими на Дедо Мраз денеска уче...