• A-
  • A
  • A+
понеделник, 11 декември 2017, 

Во Охрид почна снимањето на играниот филм „Дедо и внук“

Во Охрид почна снимањето на играниот филм „Дедо и внук“

Скопје, 21 април 2017 (МИА) – Играниот филм „Дедо и внук“ на сценаристот и режисер Илија Пиперкоски во продукција на Пандора’с бокс продукција, а во соработка со Дрим Фектори и Елиен Филм, почна да се снима во Охрид.

Филмот е финансиски помогнат од Агенцијата за филм на Република Македонија. Главните улоги во филмот ги толкуваат Дејан Лилиќ, Салаетин Билал и Даниела Ивановска.

Авторска екипа ја сочинуваат директорот на фотографија од Романија - Патру Паунеску, сценографијата во филмот ја креира Владимир Зафирковски, костимограф е Жаклина Крстевска, автор на шминката и маските е Клаудиа Мусат, снимател на звукот е Мариус Станеску, а продуцент на филмот е Огнен Антов. рп/скс/12:37

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Суданки казнети со 40 камшици оти носеле панталони

Дваесет и четири Суданки се соочуваат со казна од ...

Уругвај: Скара за во „Гинис“

Уругвај го собори Гинисовиот рекорд во печење скар...

Севернокорејскиот лидер го контролира и времето

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун се искачи на н...

Италијанец го премина Тибар одејќи по јаже

Италијанскиот еквилибрист Андреа Лорени, одејќи по...