• A-
  • A
  • A+
среда, 21 февруари 2018, 

„Бела ноќ“ во Скопје

„Бела ноќ“ во Скопје

Скопје, 7 октомври 2017 (МИА) - Традиционалната манифестација „Бела ноќ“ ќе се одржи вечер во Скопје по 13. пат. Во рамки на програма на повеќе локации во градот ќе се одржат концерти, изложби и перформанси. 

Изложбата „Помеѓу ѕвездите и басните“ на Салвадор Дали ќе биде отворена во Галеријата на Младинскиот културен центар – МКЦ. Ќе бидат претставени вкупно 29 дела од овој уметник. Изложбата е организирана во соработка со уметничката галерија „Висконти“ од Љубљана и Централноевропскиот културен центар од Нови Сад.

Во горното фоаје на кино „Фросина“ во МКЦ ќе биде поставена изложбата „Сексот и револуцијата“ на авторскиот тим Катерина Станковиќ – Бјеговиќ, ликовна уметничка и Јелена Живковиќ, историчарка.

На плоштадот „Македонија“ во 21 часот перформанс ќе има корејската трупа „Tago&АtoBIZ“. На платото на Младинскиот културен центар ќе настапат „Barbarisms“ – тричлен бенд од Стокхолм, предводен од американскиот композитор Николас Фараоне, тетовскиот бенд „Conquering Lion“ и „Ninos Du Brasil“, перкусионистичко италијанско дуо, со позадина од бразилската карневалска музика. 

Во Дансинг салата на МКЦ ќе настапат „I TPAME I TVRAME“ и „UJ PA GAZ“ од Албанија, „KANTON6“ и Нино Наумов и DJ Set од Скопје. Во џебното кино на МКЦ соло-настап ќе има Алекс Јонсон од Данска, наградуван гитарист, композитор и импровизатор. Во рамки на 24-часовниот филмски маратон во кино „Милениум“ ќе се прикажува новиот филм „Кога денот немаше име“ на режисерката Теона Стругар Митевска. 

Возењето во градските автобуси на ЈСП Скопје кои сообраќаат кон централното градско подрачје, од 19 часот до раните утрински часови, ќе биде бесплатно. мд/ац/09:16

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Илјадници луѓе наседнаа на измамата за „зелената“ месечина

Илјадници луѓе наседнаа на лажната вест која се ши...

Нутриционистката која тврдеше дека веганството лекува рак – почина од карцином

Почина веганката Мари Лопез, која стана популарна ...

По децении трагање на Нептун забележана мрачна бура

Телескопот Хабл на Нептун забележа мрачна бура, ко...

Дени Бојл можен избор за режисер на „Бонд 25“

МГМ и Анапурна Пикчрс се се поблиску до реализациј...

Вештачка интелигенција ќе се користи за надзор на свињарски фарми

Кинеската трговска интернет страница „Алибаба“ нар...