• A-
  • A
  • A+
недела, 22 октомври 2017, 

Промоција на „На вечниот сопатник“ од Екрем Јашаров

Промоција на „На вечниот сопатник“ од Екрем Јашаров

Скопје, 7 октомври 2017 (МИА) - Ромскиот културен и медиа центар  „Бариканипе“  од Скопје вечер организира промоција на книгата поезија „На вечниот сопатник“ од  Екрем Јашаров.

Ова е второ самостојно поетско дело на авторот Јашаров, издадено на три јазици: ромски, македонски и англиски со цел приближување на поетските творби до што поширок круг на публика.

Јашаров ги посвети песните на скоро починатата сопруга Џемиле, неговиот долгогодишен партнер и најдобар пријател. Во нив провејува духот на ромската традиција, навираат длабоки емоции.

„На вечниот сопатник“ е втора публикација издадена од Ромскиот културен и медиа центар „Бариканипе“ од Скопје. Претходно, во јуни беше промовирана публикацијата „Анализа на влијанието на националните политики врз инклузијата на Ромите“. мч/ац/09:17

###



Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.