• A-
  • A
  • A+
петок, 19 јануари 2018, 

Во Куманово промовиран романот „Другата Марта“ од Горјан Петревски

Во Куманово промовиран романот „Другата Марта“ од Горјан Петревски

Куманово, 7 декември 2017 (МИА) - „Другата Марта“ е насловот  на романот на најчитаниот македонски автор за деца, Горјан Петревски, што денеска беше промовиран пред читателската публика во кумановското основно училиште „Крсте Мисирков“. 

- Се надевам дека вториот дел на романот Марта со наслов „Другата Марта“ ќе доживе успехот како и другите мои романи. Јас сум среќен кога моите книги ќе ги видам искинати во библиотеките, значи поминале низ многу раце, а тоа е целта на секој писател. Судот на читателите е неприкосновен, рече авторот.

Учениците имаа можност да  поставуваат  низа  прашања за богатото творештвото на Горјан Петревски. 

Средбата со писателот Петревски ја организираше библиотеката „Тане Георгиевски“. Инаку Петревски, во моментов работи на новиот роман насловен „Годишните времиња од Вивалди“. ам/сст/15:49

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Ким Кардашиан ги разбесни фановите со новата фотографија

Најпознатата старлета во светот Ким Кардашиан обја...

И Путин скокаше по крстот

Рускиот претседател Владмир Путин (65) денеска ско...

Папата венча стјуардеса и стјуард во авион

Папата Франциско ги венчаше стјуардесата и стјуард...

Волк побегна од резерват во близина на училиште во британскиот град Рединг

Волк избега од резерват за диви животни, кој е во ...

Харвард работи на „таблета за генијалност"

Научници од Универзитетот Харвард сметаат дека „ск...