• A-
  • A
  • A+
вторник, 16 јануари 2018, 

Промовирана библиографијата „Гостиварски автори“ на Теута Османи

Промовирана библиографијата „Гостиварски автори“ на Теута Османи

Гостивар, 7 декември 2017 (МИА) - Стручна книга која дава библиографски опис на дел од роднокрајната збирка на библиотеката од нејзиното основање до првата половина од 2016 година, беше промовирана попладнево во Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар.

Авторката на оваа библиографијата „Гостиварски автори“ м-р Теута Османи смета дека со оваа збирка се опфатени поголемиот број на автори кои по потекло се од гостиварскиот регион. Таа вели дека гостиварскиот регион е исклучително богато со афирмирани автори и дела од сите области кои ја задолжиле македонската, албанската и турската книжевност.

- Иако ги исцрпивме сите можности да дојдеме до што поголем број од авторите, можеме да констатираме дека во ова дело не се застапени сите автори и нивните дела. Во иднина, приоритет ќе ни биде заложбата оваа роднокрајна збирка да се прошири и дополни колку што е можно повеќе, изјави авторката Османи.

Библиографијата содржи вкупно 579 библиографски единици. Тие се распределни во во три регистри: регистар на наслови, на автори и предметен регистар.

Редакторот и стручен советник Богомир Наумоски, го оцени делото како исклучително важен и редок труд од ваков вид и како што нагласи во неговата подготовка е вложено многу време, истражување и посветеност.

- Составувањето и извадањето на ова дело претставува пионерски зафат и почеток на стручна работа во библиотечната дејност, излегување од зачмаеноста на библиотекарството како професијата. Се надевам дека ова ќе биде инспирација за нови зафати на библиотекарите, истакна Наумоски.

Во библиографијата опфатени се писатели, публицисти, поети меѓу кои се Тодор Чалоски, Радован Павловски, Гале Фиданоски, Шазим Мемети, Дритон Зенку и редица други

Книгата е издадена со поддршка на Министерството за култура. згм/вј/19:43

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ