• A-
  • A
  • A+
четврток, 18 јануари 2018, 

Објавен бестселерот „Снеговите на љубовта“ на Нермин Безмен

Објавен бестселерот „Снеговите на љубовта“ на Нермин Безмен

Скопје, 3 јануари (МИА) - Во издание на „Бата прес“ деновиве на македонски јазик се објави историскиот роман - бестселер „Снеговите на љубовта“ од турската и американска авторка Нермин Безмен. Станува збор за вистинита љубовна приказна која се одвива непосредно пред, во текот и после Првата светска војна и Октомвриската револуција во Русија.

Според безвременската и легендарна сага на Безмен, напишана по вистинити настани, снимена е една од најскапите и најпопуларните телевизиски серии која под наслов „Снеговите на љубовта“ беше прикажувана и кај нас... Од првата објава во 1992 до 2014 година објавени се 45 изданија на овој бестселер, а романот од турски и англиски е преведен на голем број јазици. „Бата прес“ во рамките на едицијата „Книга достапна секому“ ги обезбеди правата за објавување на македонски јазик на вториот дел од оваа историска сага.

Нермин Безмен е родена 1954 година, во Турција, каде што и одраснала. Школувањето го продолжила во Невада, а првиот допир со книжевноста го имала во 1991 година, кога ја објавила збирката песни „Љубовта што буди“. Тогаш веќе била многу познат новинар и телевизиски водител, кога, по осум години истражување на своите корени во Крим, во Русија, Прусија, Романија и Франција ја напишала историската сага, љубовната приказна за Сеит и Шура напишана според вистински настани. мч/са/12:26

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Папата венча стјуардеса и стјуард во авион

Папата Франциско ги венчаше стјуардесата и стјуард...

Волк побегна од резерват во близина на училиште во британскиот град Рединг

Волк избега од резерват за диви животни, кој е во ...

Харвард работи на „таблета за генијалност"

Научници од Универзитетот Харвард сметаат дека „ск...

Воз што лае пуштен во промет во Јапонија

Во Јапонија е пуштен во промет воз што преку звучн...

Ќе се снима ТВ серија за контроверзната книга за Доналд Трамп

Книгата на новинарот Мајкл Вулф, „Fire and Fury: I...