• A-
  • A
  • A+
среда, 21 февруари 2018, 

„Бикини Мун“ овој месец на фестивали во Порто и Белград

„Бикини Мун“ овој месец на фестивали во Порто и Белград

Скопје, 9 февруари 2018 (МИА) - Петтиот игран филм на Милчо Манчевски „Бикини Мун“ овој месец ќе има европска премиера. Филмот ќе биде прикажан на два фестивала - Фантаспорто во Порто, Португалија, и на 46. ФЕСТ во Белград, кој ќе почне на 23 февруари и на кој Манчевски ќе биде и претседател на жирито. Во март, пак, филмот ќе биде и на филмскиот фестивал во Софија.

ФЕСТ во Белград ќе го отвари филмот „Три билборди близу Ебинг во Мисури“ кој е номиниран за седум оскари. Од неодамна белградскиот ФЕСТ има и натпреварувачки дел. Бидејќи Манчевски е во фестивалското жири, „Бикини Мун“ ќе биде прикажан надвор од конкуренција.

- „Бикини Мун“ е психолошки портрет кој има формат на лажен документарец и зборува за тоа како медиумот, вклучувајќи го и филмот, го експлоатираат поединецот. Денес секаде и секој снима и тоа го гледаме сите: од прислушување и безбедносни камери до самослик на Фејсбук. Како и моите досегашни филмови, „Бикини Мун“ зборува за природата на вистината, лагата и илузијата, изјави Манчевски за својот петти игран филм - американско-германската копродукција чија светска премиера беше на фестивалот во Сао Пауло, Бразил. хс/сд/14:33

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ