• A-
  • A
  • A+
вторник, 20 февруари 2018, 

„Госпоѓиците од Авињон“ - премиера на МНТ на 21 февруари

„Госпоѓиците од Авињон“ - премиера на МНТ на 21 февруари

Скопје, 9 февруари 2018 (МИА) - Македонскиот народен театар ја најави првата премиера во 2018 година - претставата „Госпоѓиците од Авињон“, на 21 февруари на малата сцена. Работена е по драмскиот текст на Сашо Димоски, во режија на Ненад Витанов.

МНТ соопшти дека со праизведбата на овој текст чествува 110 години  од „Госпоѓиците од Авињон“ на Пикасо со која се поставени првите постулати на кубизмот како правец во ликовната уметност.

Во актерската екипа се Искра Ветерова, Софиа Насевска-Трифуновска, Звездана Ангеловска, Гордана Ендровска, Ана Стојановска и Васил Зафирчев.

Композитор на музиката е Калиопи Букле, сценографијата е на Филип Витанов, костимограф е Тања Кокев. хс/ сд/14:45

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ