• A-
  • A
  • A+

вторник, 22 август 2017, 

„Господин Бин“ одново прогласен за починат

„Господин Бин“ одново прогласен за починат

Лондон, 20 март 2017 (МИА) - Некои таблоиди вчера ја проширија веста дека британскиот глумец и комичар Роуан Еткинсон, попознат по улогата на „Господин Бин“, се самоубил.

Сепак, таквата веста се покажа како лажна, а демант стигна првенствено од британските медиуми. Еткинсон е жив.

Популарниот комичар беше „убиен“ од страна на медиумите и во јули минатата година, кога исто така се шпекулираше дека се работи за самоубиство или пак за сообраќајна несреќа.

Бурните реакции на неговите фанови, кои се гневни на таблоидите, не стивнуваат на социјалните мрежи. си/сп/09:21

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.