• A-
  • A
  • A+

понеделник, 26 јуни 2017, 

Принс во својот дом имал многу опијати

Принс во својот дом имал многу опијати

Њујорк, 21 април 2017 (МИА) - Во куќата на починатиот музичар Принс во Минесота се пронајдени многу силни опијати и лекови, стои во судските документи од истрагата за смртта на познатиот пејач.

Според американските таблоиди, сите лекови биле препишани на име на неговиот пријател телохранител.

Медицинските експерти по обдукцијата заклучија дека Принс починал од случајно предозирање и никој не беше кривично гонет поради неговата смрт.

Според извештајот на вештаците, Принс самоиницијативно земал фентанил, опијат неколку пати посилен од хероинот. Неговото безживотно тело беше пронајдено во лифт на неговиот имот.

Судските документи беа чувани во тајност се досега, затоа што обвинителите стравуваа дека потенцијалните сведоци би можеле да избегаат или доказите да ги уништат.

Некои од апчињата кои се пронајдени во домот на Принс биле опијати комбинирани со аналгетик ацетаминофен - хидрокодон. Тој аналгетик се користи при ублажување на болката, ревматичен артритис и кашлање.

Судските документи откриваат дека голем број наркотици се пронајдени во разни садови, вклчувајќи и шишенца за витамини. ви/сп/08:37

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Ексхумација на посмртните останки на шпанскиот сликар Салвадор Дали

Судот во Мадрид нареди да се изврши ексхумација на...

Метеоролог „оддуван“ во живо (видео)

Во Ирска, презентерот на временската прогноза Дере...

Природна ванила се помалку, за еден килограм сладолед 500 евра

Цената на природниот сладолед од ванила во изминат...

НАСА ја демантира Гвинет Палтроу

Актерката Гвинет Палтроу е сопственичка на Интерне...

Сиена Милер бара актерките да бидат повеќе платени од нивните машки колеги

Холивудската актерка Сиена Милер се осврна на родо...