• A-
  • A
  • A+

понеделник, 26 јуни 2017, 

Стивен Ховарт сака да го спаси светот и за тоа бара само 200.000 долари

Стивен Ховарт сака да го спаси светот и за тоа бара само 200.000 долари

Лондон, 21 април 2017 (МИА) -  Стивен Хауарт сака да го спаси светот од неминовна катаклизма и оценува дека за тоа му се потребни околу 200.000 австралиски долари.

Хауарт, во рамки на програмата „Астероид шилд“ сака да направи прва подвижна опсерваторија во Австралија, со која планира да крстосува по континентот во потрага по астероиди кои се на пат кон нашата планета.

Како и повеќето денешни креативци, покрена онлајн кампања за собирање средства, при што од јавноста бара само 200.000 австралиски долари. До сега собрани се само сто.

Сепак, тоа не го обесхрабрува во намерата да набави голем телескоп, да го намести во приколка на камион мерцедес унимог и да го следи небото од разни агли за да може на време да го види потенцијалниот опасен астерод.

- Нашата земја е најпогодна за следење на небото и воочување на такви објекти, смета Хауарт.

Покрај тоа што ја спасува планетата од астероиди, Хауарт се надева и дека со помош на телескопот на тркала на учениците ќе им ја доближи астрономијата. ви/ссм/17:21

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Ексхумација на посмртните останки на шпанскиот сликар Салвадор Дали

Судот во Мадрид нареди да се изврши ексхумација на...

Метеоролог „оддуван“ во живо (видео)

Во Ирска, презентерот на временската прогноза Дере...

Природна ванила се помалку, за еден килограм сладолед 500 евра

Цената на природниот сладолед од ванила во изминат...

НАСА ја демантира Гвинет Палтроу

Актерката Гвинет Палтроу е сопственичка на Интерне...

Сиена Милер бара актерките да бидат повеќе платени од нивните машки колеги

Холивудската актерка Сиена Милер се осврна на родо...