• A-
  • A
  • A+

понеделник, 26 јуни 2017, 

Романка се породи во противпожарно возило заглавена во снег

Романка се породи во противпожарно возило заглавена во снег

Букурешт, 21 април 2017 (МИА) - Бремена Романка утрово се породи во возило на локалната противпожарна служба, откако останала блокирана на патот поради снежните врнежи што го зафатија североисточниот дел на Романија.

Потпаролката за Службата на вонредни состојби од романскиот град Јаши, Силвија Болохан соопшти дека при породувањето на жената и помагала медицинска сестра вработена во локалната Брза помош, која исто така, останала заглавена на патот.

Болохан соопшти дека мајката и бебето се добро и дека набрзо по породувањето биле префрлени во болницата во Јаши.

Делови на Романија деновиве се зафатени од вистински зимски услови при што температурата во некои реони се спушти и до минус два степени. ви/сп/09:56

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Ексхумација на посмртните останки на шпанскиот сликар Салвадор Дали

Судот во Мадрид нареди да се изврши ексхумација на...

Метеоролог „оддуван“ во живо (видео)

Во Ирска, презентерот на временската прогноза Дере...

Природна ванила се помалку, за еден килограм сладолед 500 евра

Цената на природниот сладолед од ванила во изминат...

НАСА ја демантира Гвинет Палтроу

Актерката Гвинет Палтроу е сопственичка на Интерне...

Сиена Милер бара актерките да бидат повеќе платени од нивните машки колеги

Холивудската актерка Сиена Милер се осврна на родо...