• A-
  • A
  • A+

понеделник, 25 септември 2017, 

Партнерот на Џорџ Мајкл тврди: Се чуствувам како во пекол откако почина

Партнерот на Џорџ Мајкл тврди: Се чуствувам како во пекол откако почина

Лондон, 17 јули 2017 (МИА) - Партнерот на починатиот пејач Џорџ Мајкл, фотографот и стилист Фади Фаваз (43) напиша песна за неговата смрт.

Фади беше последниот кој во декември минатата година го виде Џорџ Мајкл жив, тој го пронајде неговото безживотно тело и се обидел да го оживее. Поради сето тоа, Фади со месеци бил во депресија.

Во песната Фади вели дека се чувствува „како во пекол“ и дека го „презира Божик“. Џорџ почина на Божик на 25 декември 2016 година, во неговиот дом во Оксфордшир.

- Едно срце одлучи да си оди, се наоѓам во пеколот и сега јас се срамам од Божиќ. Не го сакам тој ден. Се обидувам да ја скријам главата, перницата станува црвена, го изгубив својот пат, порачуваат стиховите на Фади.

Фади и Џорџ беа во врска шест години. Појрај тагата по смррта на Џорџ, Фади го мачи и тоа што семејството на пејачот не го сака и сака да го исклучи од наследството.

Фаваз престојува во куќата на Џорџ во Лондон, каде живееја заедно, бо семејството сака да ја продаде. Куќата вреди пет милиони фунти. Фади не беше повикан ниту на погребот на поп ѕвездата, ниту информиран кога ќе се оддржи.

Пејачот Џорџ Мајкл почина од срцев удар на Божиќ 2016 година на 54-годишна возраст. ви/сп/10:34

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ