• A-
  • A
  • A+

недела, 24 септември 2017, 

Се работи на поблиска поврзаност помеѓу Инстаграм и Фејсбук

Се работи на поблиска поврзаност помеѓу Инстаграм и Фејсбук

Њујорк, 12 септември 2017 (МИА) - Инстаграм ја тестира можноста корисниците истовремено да ги објавуваат своите објави и на оваа платформа и на Фејсбук.

Со оваа поблиска поврзаност на социјалните мрежи, се чини, Фејсбук сака популарноста на опцијата „Сторис“ да ја префрли и на својата главна платформа.

Некои корисници ја забележаа веќе опцијата за објавите на инстаграм да се префрлат и на Фејсбук. Инстаграм ги потврди тие наводи, без натамошни подробности.

- Секогаш тестираме разни начини за помош, со кои би го подобриле впечатокот од Инстаграм, и коишто ќе Ви го олеснат споделувањето на секој момент со луѓето кои Ви значат, соопштуваат од Инстаграм. си/сп/10:40

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.