• A-
  • A
  • A+

недела, 24 септември 2017, 

Се наѕира кавга меѓу ѕвездите на „Брзи и бесни“

Се наѕира кавга меѓу ѕвездите на „Брзи и бесни“

Лос Анџелес, 13 септември 2017 (МИА) - Ѕвездата од серијалот „Брзи и бесни“, Тајриз Гибсон јавно го моли и преколнува својот колега Двејн Џонсон да не го изневерува тимот со евентуално спин-оф продолжение на франшизата.

Имено, Гибсон на Инстаграм прво се пожали дека неговиот драг пријател не му враќа на пораките, па тие коментари беа избришани. 

- Не сакам да чујам ништо од тебе се дури не се сетиш што зборувавме. Јас сум на твојот (Инстаграм) профил оти ти не ми враќаш на СМС пораките. „Брзите“ се она семејство... Ние не „летаме“ сами, објави потоа Гибсон на својот профил.

Периодов инаку, се појавија гласини дека Двејн и Џејсон Стејтам преговарале за спин-оф продолжение на приказната, но продуцентот и главната ѕвезда на седумте од вкупно осумте филма, Вин Дизел не се согласиле. си/ми/08:47

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ