• A-
  • A
  • A+
четврток, 23 ноември 2017, 

Робот диригираше со оркестар на концертот на Бочели во Пиза

Робот диригираше со оркестар на концертот на Бочели во Пиза

Пиза, 13 септември 2017 (МИА) - Робот во човечки облик по име Ју Ми синоќа диригираше со филхармонискиот оркестар на концертот на италијанскиот тенор Андреа Бочели во театарот „Верди“ во Пиза, покажувајќи исклучителна  „мекост“ на движењата.

Тоа беше прво појавување на овој робот со две раце, дизајниран од швајцарската компанија АББ, по повод Првиот меѓународен фестивал на роботика во овој град  во Тоскана.

Роботот диригираше со оркестарот при изведување 18 музички дела, вклучувајќи ја и познатата арија „Ла дона е мобиле“ од операта „Риголето“ на Верди, а кога ја подигна диригентската палка не покажуваше ниту најмал знак на нервоза.

- Ју Ми покажа високо ниво на флуидност во движењата, како и неверојатно изнијансирани изрази, изјави за весникот „Ил Фато квотидијано“, Андреа Коломбани, редовен диригент на оркестарот „Лука“, кој синоќа настапи во Пиза. паг/сп/12:56

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ