• A-
  • A
  • A+
понеделник, 11 декември 2017, 

Во Атлантикот пронајден бродот во којшто погинале првите жртви на Хитлеровите поморски походи

Во Атлантикот пронајден бродот во којшто погинале првите жртви на Хитлеровите поморски походи

Берлин, 6 октомври 2017 (МИА) - Остатоци од патничкиот брод „Атенија“, кој во Втората светска војна бил погоден од торпедо на Германската морнарица, се пронајдени во Атлантскиот Океан, кај островчето Рокал, на длабочина од 200 метри. За откритието е заслужен „трагачот по палуби“, Дејвид Мернс.

Повеќе од 100 луѓе се удавиле кога германскиот капетан Фриц Јулиус Лемп „по грешка“ го испалил проектилот во британскиот патнички брод на 3 септември 1939 годин, само неколку часа откако британскиот премиер Невил Чембрлен и објави војна на нацистичка Германија.

На бродот, кој вообичаено патувал на линија Глазгов - Монтреал, имало 1.103 патници, од кои 118 загинале. Зачувани се и три телеграми коишто говорат за тој инцидент. Првата е испратена дента во 00:18 часот, и со неа се известуваат германските бродови дека на  земјата и е објавена војна. А пак, другата, испратена еден час подоцна, ни кажува дека „Атенија“ е погодена со торпедо и тоне со голема брзина.

Третата телеграма ја испратил капетан Меккеланд, и известува за спасените 980 патници.

Адолф Хитлер, како што дознаваме од историографијата, бил бесен кога дознал за трагичната грешка на својот капетан, и го натерал да напише нов записник, за да го заташка случајот пред германскиот народ.

Оваа грешка на германскиот капетан, за малку ќе го чинело кариера, но по објаснувањето негово - дека се работи за грешка, се спасил. Во мај 1941. неговиот брод бил нападнат од британски поморски сили кај Исланд. Успеал да побегне со чамец и потоа му се губи секаква трага.  си/зш/12:13

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ