• A-
  • A
  • A+
четврток, 14 декември 2017, 

„Бон Џови“, „Рејдиохед“ и „Депеш Мод“ номинирани за влез во Куќата на славните

„Бон Џови“, „Рејдиохед“ и „Депеш Мод“ номинирани за влез во Куќата на славните

Лос Анџелес, 6 октомври 2017 (МИА) - Американскиот бенд „Бон Џови“ и британските „Рејдиохед“ и „Депеш Мод“ се на листата на номинирани за влез во Рокенрол куќата на славните за 2018 година.

Меѓу номинираните се Кејт Буш, „Дајр Стрејтс“, „Јуритмикс“, Ел-Ел Кул Џи , „Муди Блуз“ и џез пејачката Нина Симоне, која почина во 2013 година.

Фановите можат да гласаат за своите фаворити на мрежната станица RockHall.com.

Петмина изведувачи од листата што ќе ги одбере публиката влегуваат во т.н. категорија „гласови од фановите", по што овој избор се комбинира со изборот на жирито во кое се наоѓаат повеќе од 900 изведувачи и претставници од музичката индустрија.

Конечната листа ќе биде објавена во декември, а свечениот прием во клубот ќе се одржи на 14 април во Кливленд, каде се наоѓаа Рокенрол куќата на славните.

Во април 2016 година во Куќата на славните влегоа и кантри пејачката Џоан Баез, групата „Прл Џем“, ЕЛО, „Јес“, „Џрни“ и починатиот рапер Тупак Шакур. паг/сп/16:51

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Ноќва на небото ќе биде видлив меторски дожд

Метеорскиот дожд Геминида ноќва ќе биде видлив во ...

Бездомник нашол 300.000 евра на аеродромот Шарл де Гол во Париз

Полицијата во францускиот главен град Париз трага ...

Принцовите Вилијам и Хари на премиерата на „Војна на ѕвездите" во Лондон

Британските принцови Вилијам и Хари, на изненадува...

Натпревар во „неправење ништо“ во Тајван

Студент од Хонг Конг по име Чан Кај-хо е победник ...

Порше започна со производство на мед

Компанијата Порше е позната по тоа што прави квали...