• A-
  • A
  • A+
вторник, 12 декември 2017, 

Пура на Черчил продадена за 12.000 долари

Пура на Черчил продадена за 12.000 долари

Бостон, 13 октомври 2017 (МИА) - Дополу испушената пура на некогашниот британски премиер Винстон Черчил, долга 10-ина сантиметри, што тој ја запалил на патот кон Париз во 1947 година, беше продадена за нешто повеќе од 12.000 долари на интернет аукција.

„Артефактот“ го купил колекционер од Палм Бич на Флорида, соопшти аукциската куќа „РР Аукшн“ од Бостон.

Куќата наведува дека Черчил ја пушел токму таа пура на 11 мај 1947 година, кога слетал на тогаш главниот париски аеродром Бурже. Пурата ја зачувал британскиот пилот Вилијам Алан Тарнер.

Заедно со цигарата, продадена е и фотографија на Черчил со пура на аеродромот, на која се наоѓа и неговиот потпис. си/сп/08:51

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Суданки казнети со 40 камшици оти носеле панталони

Дваесет и четири Суданки се соочуваат со казна од ...

Уругвај: Скара за во „Гинис“

Уругвај го собори Гинисовиот рекорд во печење скар...

Севернокорејскиот лидер го контролира и времето

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун се искачи на н...

Италијанец го премина Тибар одејќи по јаже

Италијанскиот еквилибрист Андреа Лорени, одејќи по...