• A-
  • A
  • A+
вторник, 12 декември 2017, 

Србија ќе финансира проект на Ралф Фајнс

Србија ќе финансира проект на Ралф Фајнс

Белград, 13 октомври 2017 (МИА) - Српското Министерство за култура издвои повеќе од 518.000 евра за новиот филм на Ралф Фајнс. „White Crow“. 

Британскиот глумец, режисер и продуцент минатиот месец стана државјанин на Србија, а новиот пасош му го врачи лично српскиот претседател Александар Вучиќ.

Парите за проектот Фајнс, како што наведува белградскиот весник „Политика“, се „од буџетксите резерви" и се одобрени од Владата на 6 октомври.

Филмот е всушност приказна за рускиот балетан Рудолф Нуреев и ќе се снима во Србија. Премиерата е закажана за наредната 2018 година.

Фајнс во 2010. во Србија го оствари и своето режисерско деби - филмот „Кориолан“, според истоимената трагедија на Шекспир. си/сп/09:37

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Суданки казнети со 40 камшици оти носеле панталони

Дваесет и четири Суданки се соочуваат со казна од ...

Уругвај: Скара за во „Гинис“

Уругвај го собори Гинисовиот рекорд во печење скар...

Севернокорејскиот лидер го контролира и времето

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун се искачи на н...

Италијанец го премина Тибар одејќи по јаже

Италијанскиот еквилибрист Андреа Лорени, одејќи по...