• A-
  • A
  • A+
понеделник, 20 ноември 2017, 

Алкотраз - ноќен клуб во кој е дозволено да „прошверцувате“ пијалак

Алкотраз - ноќен клуб во кој е дозволено да „прошверцувате“ пијалак

Лондон, 18 октомври 2017 (МИА) - Првиот лондонски коктел бар Алкотраз, кој е инспириран од изгледот на прочуениот затвор Алкатраз, беше отворен пред две недели.

Една од првите оригинални реклами е тоа што во него можете да „го внесете“ својот алкохол, но и токму како в затвор, без да Ве забележат чуварите. Пијалаците кои ќе успеете да ги внесете, потоа Ви се сервираат без какви било забелешки... А, за доживувањето да биде целосно, на влезот добивате портокалова затворска „униформа“, и сепареата личат на мали ќелии.

Алкотраз, кој вратите ги отвори за посетителите на 28 септември, за жал, ќе работи само сезонски - три месеци. Пијалаците се послужуваат без менија и во метални затворски чаши, а објектот истовремено има капацитет за 30 „затвореници“.

Овој специфичен ноќен клуб работи од четврток до сабота - од 17 до 23 часот. Влезот чини 30 фунти. си/гт/12:03

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Форбс“: Бијонсе е најплатената жена во светот на музиката

Списанието „Форбс“ ја прогласи Бијонсе за најплате...

Германски научник: Не треба да се плашиме од роботите

Футуристот Матијас Хоркс, кој е основач на германс...

Необична појава на небото над Лапонија (видео)

Атле Сталесен, новинар од финскиот весник „Баренц ...

Руска пензионерка освои седум милиони евра на лотарија (видео)

Пензионерка од руската Вороњешка Област, 600 килом...

Озлогласениот убиец Чарлс Менсон почина на 83-годишна возраст

Еден од најозлогласените криминалци на светот, Чар...