• A-
  • A
  • A+
петок, 24 ноември 2017, 

Трамп следната недела ќе ги објави документите за убиството на Кенеди

Трамп следната недела ќе ги објави документите за убиството на Кенеди

Вашингтон, 21 октомври 2017 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп денеска најави дека ќе нареди отворање на доверливото досие за убиството на американскиот претседател Џон Ф. Кенеди во Далас во 1963 година.

- Поради приемот на дополителни информации, ќе дозволам, како претседател, да се отвори одамна блокираното и доверливо досие за ЏФК, Трамп напиша на својот твитер профил.

Се работи за илјадници докумнети кои се чуваат во американската Национална архива. Со специјален закон донесен на 26 октомври 1992 година, беше предвидено овие документи да бидат претставени пред јавноста по 25 години, односно до 26 октомври 2017 година.

Поголем број медиуми во САД навестуваа дека претседателот Трамп сепак ќе реши да го продолжи рокот во кој овие документи ќе останат тајни, со цел да се заштитат одредени разузнавачки програми кои може се уште да се во тек. Но, по денешната најава може да се очекува документите за убиството на Кенеди да станат достапни следниот четврток. цч/15:27

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.