• A-
  • A
  • A+
среда, 22 ноември 2017, 

Поранешен шкотски премиер ќе води емисија на „Раша тудеј“

Поранешен шкотски премиер ќе води емисија на „Раша тудеј“

Лондон, 10 ноември 2017 (МИА) - Поранешниот шкотски премиер Алекс Салмонд најави дека ќе води политичко ток шоу на руската телевизија „Раша тудеј“, што ќе се емитува секој четврток.

Салмонд сака да ги чуе „луѓето со идеи и одговори“ и најави дека ќе им овозможи на гостите да ги образложат своите идеи пред тој да почне со прашањата.

- Оваа програма ќе им даде платформа на луѓето кои имаат нешто да кажат, и имаме намера да дознаеме нешто за луѓето кои се кријат зад јавните личности, рече Салмод.

Пилот епизодата ќе биде на 16 ноември, а во емисијата ќе гостуваат луѓе од политиката, бизнисот и светот на забавата. си/ми/10:18

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.