• A-
  • A
  • A+
среда, 22 ноември 2017, 

Македонија претставена како главна мигрантска рута во новата епизода на серијата „Блеклист“

Македонија претставена како главна мигрантска рута во новата епизода на серијата „Блеклист“

Њујорк, 10 ноември 2017 (МИА) - Најновата епизода на култната американска крими серија „Блеклист“ е посветена на шверцот на мигранти преку Македонија.

Во епизодата насловена „Корпорацијата Килганон“ која се емитуваше завчера, Македонија е претставена како најпрофитабилната рута за шверц на луѓе од Азија во Европа.

Блеклист

Во епизодата Рејмонд Редингтон, ликот што го глуми актерот Џејмс Спајдер, го уфрла својот соработник Дембе во група арапски мигранти кои патуваат преку Солун и македонската граница до шверцерска база внатре во Македонија, при што се соочуваат со рации и низа опасности.

Епизодата е инспирирана од големата мигрантска криза во 2015 и 2016 година, во текот на која Македонија беше на главната балканска рута за транспорт на мигранти и бегалци до Европа. цч/ми/11:21

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.