• A-
  • A
  • A+
среда, 22 ноември 2017, 

Трета потенцијална жртва на сексуално вознемирување од Стивен Сигал

Трета потенцијална жртва на сексуално вознемирување од Стивен Сигал

Лос Анџелес, 10 ноември 2017 (МИА) - По Џулијана Маргулис и Џени Меккарти, и глумицата Порша де Роси во објава на Твитер, тврди дека била цел на сексуално вознемирување од страна на Стивен Сигал.

- Мојата последна аудиција за филм со Стивен Сигал се одржа во неговиот кабинет. Тој ми рече дека е важно да има хемија меѓу актерите и зад камерите. Потоа ги откопча кожените панталони. Јас истрчав надвор и го повикав мојот агент, напиша Де Роси.

Глумицата не го открива филмот, за којшто била на аудиција, како ни годината.

Таа инаку е во брак со ТВ водителката Елен Деџенерис, којашто пак, под објавата прокоментира - „Се гордеам со мојата сопруга“.

Менаџерот на Стивен Сегал изјави дека 65-годишниот актер не сака да ги коментира овие тврдења. си/ми/14:00

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ