• A-
  • A
  • A+
понеделник, 20 ноември 2017, 

Уникатна ревија Made in Macedonia: Cовремен дизајн накитен со минатото

Уникатна ревија Made in Macedonia: Cовремен дизајн накитен со минатото

Скопје, 10 ноември 2017 (МИА) - Љубители на модата, бизнис сопственици,  академици, историчари, претставници на Владата и дипломатската елита синоќа во Музејот на Македонија имаа можност да го проследат уникатното модно шоу, насловено  „Made in Macedonia: Cовремен дизајн накитен со минатото” на кое се претставија повеќе еминентни македонски дизајнери.

Настанот беше во организација на „Добредојде“ Македонија Welcome Center и aмбасадорот на Соединетите Американски Држави Џес Бејли, со сопругата Кејпи Полк Бејли.

Ревија

 - Драго ни е што за првпат во Македонија организираме модно шоу коe претставува спој на културното наследство со најновите модни трендови. Очекуваме во иднина овој настан да стане и традиција, изјави Емилија Миладининова Аврамчева, претседател на „Добредојде“ Македонија Welcome Center.

Сопругата на амбасадорот Џес Бејли, Кејпи, на отворањето на ревијата истакна дека Музејот на Македонија има извонредна колекција на традиционална македонска облека и оти сакада ги поддржи нивните напори за зачувување, заштита и промовирање на образовната вредност на овие културни предмети.

 Ревија

- Впрочем, нашата облека и ткаенините раскажуваат приказна за историјата, животот и за културата насекаде во светот. Сфативме дека модерниот дизајн може да создаде ново културното наследство и да го зачува старото преку креативност, стил и додавање на современа нишка. Дизајнерите се и отсекогаш биле уметници, претприемачи и огледала на културата и традицијата, рече Кејпи Бејли. 

Ревија

Низ вековите македонските креации ја пренесуваат својата порака до современата мода и ја пресликуваат вечноста на префинетиот дизајн. Несекојдневните креации на шоуто беа претставени од страна на дизајнерите Никола Ефтимов, Ристо Бимбилоски „Румор”, Лидија Георгиева, Росица Мршиќ, Тања Кокев, Олгица Георгиева, Силвија „Алшар”, Антонија Ристовска, Никола Булески, Нела Тодоровска, Роберт Ивановски и Ивана Кнез „Драма”. сст/са/13:11

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Форбс“: Бијонсе е најплатената жена во светот на музиката

Списанието „Форбс“ ја прогласи Бијонсе за најплате...

Германски научник: Не треба да се плашиме од роботите

Футуристот Матијас Хоркс, кој е основач на германс...

Необична појава на небото над Лапонија (видео)

Атле Сталесен, новинар од финскиот весник „Баренц ...

Руска пензионерка освои седум милиони евра на лотарија (видео)

Пензионерка од руската Вороњешка Област, 600 килом...

Озлогласениот убиец Чарлс Менсон почина на 83-годишна возраст

Еден од најозлогласените криминалци на светот, Чар...