• A-
  • A
  • A+
понеделник, 20 ноември 2017, 

Здравствените експерти сметаат дека комарците претпочитаат одредени луѓе

Здравствените експерти сметаат дека комарците претпочитаат одредени луѓе

Њујорк, 14 ноември 2017 (МИА) Здравствени експерти сметаат дека комарците на „касаат“ ои случаен избори, туку всушност преферираат одредени луѓе.

Според експертите, постојат неколку фактори кои одредени луѓе ги прават „пожелни за комарците“.

1. Бременост

Бремените жени издишуваат повеќе јаглерод диоксид, кој ги привлекува комарците.

Тоа е загрижувачки, бидејќи вирусот Зика, кој го пренесуваат комарците, претставува сериозен ризик за вродени дефекти кај новороденчињата ако жените се заразат за време на бременоста.

2. Вежбање

По трчање надвор, очекувајте да добиете неколку каснувања од комарци. Тоа е затоа што инсектите се привлечени од млечната киселина.

Тоа е соединение произведено по вежбањето, а комарците го сакаат.

3. Алкохол

Здравствените експерти сметаат дека алкохолот е атрактивен за комарците, бидејќи ја зголемува телесна температурата, што дополнително луѓето ги прави привлечни за убод на овие инсекти.

4. Крвна група

Според една студија, луѓето со 0 (нулта) крвна група имаат 83 отсто поголеми шанси да бидат каснати од комарци. Најмалку пожелни за комерците се луѓето со крвна група А. ир/сп/15:07

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Форбс“: Бијонсе е најплатената жена во светот на музиката

Списанието „Форбс“ ја прогласи Бијонсе за најплате...

Германски научник: Не треба да се плашиме од роботите

Футуристот Матијас Хоркс, кој е основач на германс...

Необична појава на небото над Лапонија (видео)

Атле Сталесен, новинар од финскиот весник „Баренц ...

Руска пензионерка освои седум милиони евра на лотарија (видео)

Пензионерка од руската Вороњешка Област, 600 килом...

Озлогласениот убиец Чарлс Менсон почина на 83-годишна возраст

Еден од најозлогласените криминалци на светот, Чар...