• A-
  • A
  • A+
сабота, 20 јануари 2018, 

Ископале тунел под банка и украле 250.000 долари

Ископале тунел под банка и украле 250.000 долари

Мумбај, 14 ноември 2017 (МИА) -   Околу 250.000 долари и злато украле непознати лица од банка во Мумбај. Кражбата ја извршиле преку тунел ископан под банката.

Тие два месеци копале тунел и ископаната земја ја ставале на празна површина во близина на продавница што ја изнајмиле шест месеци порано.

Тајмс од Индија објави дека ограбувачите ископале тунел под банката и така влегле во собата со сефови од каде биле земени парите и златото.

Како што соопшти полицијата, ограбувачите ископале тунел долг 12 метри и еден метар широк.  Грабежот за кој се претпоставува дека е изведен во текот на викендот е пријавен од вработените во банката кога во понеделникот дошле на работа.

Полициски извори наведуваат дека крадците пред шест месеци ја изнајмиле продавницата во близина на банката за да го извршат грабежот. ви/зш/12:06

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Ким Кардашиан ги разбесни фановите со новата фотографија

Најпознатата старлета во светот Ким Кардашиан обја...

И Путин скокаше по крстот

Рускиот претседател Владмир Путин (65) денеска ско...

Папата венча стјуардеса и стјуард во авион

Папата Франциско ги венчаше стјуардесата и стјуард...

Волк побегна од резерват во близина на училиште во британскиот град Рединг

Волк избега од резерват за диви животни, кој е во ...

Харвард работи на „таблета за генијалност"

Научници од Универзитетот Харвард сметаат дека „ск...