• A-
  • A
  • A+
среда, 13 декември 2017, 

Најскапиот стан во светот не е ниту во Европа, ниту во САД

Најскапиот стан во светот не е ниту во Европа, ниту во САД

Хонг Конг, 23 ноември 2017 (МИА) - Недвижностите во Хонг Конг се меѓу најскапите во светот, а официјално и најскапиот стан на планетата Земја е продаден токму во овој град. 

Хонг Конг стан 1

Два стана во луксузниот кварт Пик овој месец се продадени за 146 милиони долари, а беа купени од истиот човек.

Неидентификуваниот купувач платил 76,8 милиони долари за стан од 420 квадратни метри и 71,7 милиони долари за стан од 400 квадратни метри.

Хонг Конг стан 2

Хонг Конг е дефинитивно град на контрасти. Додека  е град со најскапи недвижности во светот, истовремено е и град во кој луѓето живеат на најмалку квадратни метри во светот, така што просечната големина на стан е само 13 квадрати.

Истиот ден, кога во Кина одекна веста за најскапата недвижност во светот, Владата објави дека примила барања од 88.000 семејства кои се борат за 620 поволни субвенционирани домови во кои би можеле да имаат повеќе простор.

Хонг Конг стан 3

Инаку, Хонг Конг е втор „најбогат" град во светот со најмногу фискални резерви во светот.  ир/гт/08:37

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Косовско село украсено како од бајките

Косовското село Петершан, кое се наоѓа на неколку ...

„Хафингтон пост“ објави листа на 18 најдобри филмови во 2017 година

Американскиот весник „Хафингтон пост“ објави листа...

Затвореник им се предаде на властите по 20 години минати во бегство

Затвореникот Гасан Салех (66), кој пред 20 години ...

Писториус повреден во затворска тепачка

Некогашниот параолимпиец Оскар Писториус е повреде...

Почина американски војник кој пијан дезертираше во Северна Кореја

Американски војник, кој пред повеќе од половина ве...