• A-
  • A
  • A+
среда, 13 декември 2017, 

Калифорниец ќе полета кон небото за да „докаже“ дека Земјата е рамна

Калифорниец ќе полета кон небото за да „докаже“ дека Земјата е рамна

Лос Анџелес, 23 ноември 2017 (МИА) - Жител на америкнската сојузна држава Калифорнија, кој верува дека Земјата е рамна, има намера самостојно да полета 550 метри кон небото над пустината Мохаве, за да го докаже своето убедување.

Мајк Хјуз (61), со своја инвестиција, како и спонзорства од групите кои го делат тоа уверување, обезбедил вкупно 20.000 долари, со кои конструирал ракета што би требало да достигне брзина од 800 километри на час. Потоа тој ќе се спушти на Земјата со падобран.

Превидената висина не е доволна за да се обезбедат „фото-докази“ дека Земјата е рамна, но како што вели Хјуз, тоа е само почеток. Следната зацртана цел е висина од 109 километри.

Мајк, секако, одбива да верува во научните докази дека планетата Земја има тркалезна форма.

- Не верувам во науката. Се разбирам во аеродинамика и начинот на кој работите се движат низ воздухот. Но, тоа не е наука, тоа е обична формула. Нема разлика меѓу науката и научната фантастика, смета тој. си/сп/08:55

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Косовско село украсено како од бајките

Косовското село Петершан, кое се наоѓа на неколку ...

„Хафингтон пост“ објави листа на 18 најдобри филмови во 2017 година

Американскиот весник „Хафингтон пост“ објави листа...

Затвореник им се предаде на властите по 20 години минати во бегство

Затвореникот Гасан Салех (66), кој пред 20 години ...

Писториус повреден во затворска тепачка

Некогашниот параолимпиец Оскар Писториус е повреде...

Почина американски војник кој пијан дезертираше во Северна Кореја

Американски војник, кој пред повеќе од половина ве...