• A-
  • A
  • A+
среда, 13 декември 2017, 

Трамп: „Тајм“ ми понуди повторно да бидам личност на годината, ги одбив

Трамп: „Тајм“ ми понуди повторно да бидам личност на годината, ги одбив

Вашингтон, 25 ноември 2017 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека списанието „Тајм“ му најавило дека тој најверојатно ќе биде именуван за личност на годината и му побарало интервју за таа цел, но тој ги одбил.

- Ми се јавија од магазинот Тајм да ми кажат дека НАЈВЕРОЈАТНО ќе биде маж (личност) на годината, исто како и минатата година, но ми бараа да им дадам интервју и можност да ме фотографираат. Им реков дека тоа веројатно не е добро и ги одбив. Благодарам во секој случај, напиша претседателот Трамп на социјалната мрежа Твитер.

Трамп лани секако беше личност на годината, по неговата победа против Хилари Клинтон. Во текот на годината, во периоди кога изборната кампања на Трамп се одвиваше лошо, „Тајм“ објави и две насловни страници со ликот на Трамп како се топи, навестувајќи дека кампањата му е во распад. По изборот на Трамп, списанието продолжи да го обвинува за хаотично водење на државата и објави и насловна страница на која Трамп седи во Овалната канцеларија, додека ветер му ги носи документите.

трамп тајм мелтдаун

Во одговор на твитер коментарот на Трамп, повеќе уредници на „Тајм“ напишаа дека воопшто не мислеле да му ја дадат таа чест на претседателот и оваа година, а списанието објави дека нема да коментира за својот избор до 6 декември. цч/09:54

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Косовско село украсено како од бајките

Косовското село Петершан, кое се наоѓа на неколку ...

„Хафингтон пост“ објави листа на 18 најдобри филмови во 2017 година

Американскиот весник „Хафингтон пост“ објави листа...

Затвореник им се предаде на властите по 20 години минати во бегство

Затвореникот Гасан Салех (66), кој пред 20 години ...

Писториус повреден во затворска тепачка

Некогашниот параолимпиец Оскар Писториус е повреде...

Почина американски војник кој пијан дезертираше во Северна Кореја

Американски војник, кој пред повеќе од половина ве...