• A-
  • A
  • A+
понеделник, 19 февруари 2018, 

Со пеење повикувал бел кит, но не претпоставувал што ќе му се случи (видео)

Со пеење повикувал бел кит, но не претпоставувал што ќе му се случи (видео)

Винипег, 7 декември 2017 (МИА) - Шкотскиот новинар Пол Инглиш бил на патување во канадската покраина Манитоба, каде му се случило нешто најнеочекувано.

Инглиш со кајак пловел по реката Черчил и решил со пеење да повикува бели китови, но не претпоставувал дека ќе успее во тоа.

По кусо време, до кајакот навистина се појавил кит, а потоа уште еден. На китовите очигледно им се допаднало пеењето на Инглиш, па тие продолжиле да пливаат покрај кајакот.

Новинарот потоа се нурнал во водата, пливал со китовите и продолжил да им пее на што тие возвратиле. јт/сп/10:12

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ