• A-
  • A
  • A+
четврток, 18 јануари 2018, 

Претставен трејлерот на футуристичкиот акциски филм „Алита - борбениот ангел“ (видео)

Претставен трејлерот на футуристичкиот акциски филм „Алита - борбениот ангел“ (видео)

Лос Анџелес, 11 декември 2017 (МИА) - „Фокс“ го објави трејлерот за филмот „Алита - борбениот ангел“, во кој филмските легенди Џејмс Камерон и Роберт Родригез адаптираат јапонски манга стрип на големото платно.

Камерон е продуцент и сценарист на филмот, кој го режира Родригез, а во кој се раскажува приказната за роботот Алита во футуристичкиот 26 век.

Алита претрпела сериозни оштетувања поради кои ја загубила својата меморија и се сеќава единствено на боречките вештини кои ги научила во претходниот живот.

Филмот е заснован врз стрип на авторот Јукито Киширо од 1990 година.

Трејлерот навестува футуристичка авантура со многу акциски сцени додека Алита се бори да осознае што и се случило во минатото.

Насловната улога ја игра Роза Салазар. Премиерата на филмот се очекува во јули 2018  година. цч/сп/17:26

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Папата венча стјуардеса и стјуард во авион

Папата Франциско ги венчаше стјуардесата и стјуард...

Волк побегна од резерват во близина на училиште во британскиот град Рединг

Волк избега од резерват за диви животни, кој е во ...

Харвард работи на „таблета за генијалност"

Научници од Универзитетот Харвард сметаат дека „ск...

Воз што лае пуштен во промет во Јапонија

Во Јапонија е пуштен во промет воз што преку звучн...

Ќе се снима ТВ серија за контроверзната книга за Доналд Трамп

Книгата на новинарот Мајкл Вулф, „Fire and Fury: I...