• A-
  • A
  • A+
сабота, 20 јануари 2018, 

Том Круз „го блокираше“ центарот на Лондон

Том Круз „го блокираше“ центарот на Лондон

Лондон, 13 јануари 2018 (МИА) - Дел од центарот на Лондон денеска беше блокиран, што предизвика застој во сообраќајот, поради снимањето на новото продолжение од филмскиот серијал „Невозможна мисија“, каде главната улога ја толкува холивудскиот актер Том Круз.

За потребите на филмот Круз трчаше преку врвот на железничкиот мост „Блекфрајерс“ над Темза.

Кадрите беа снимани од хеликотери во низок лет, а за време на снимањето беше забранет пристапот до мостот по копнен и речен пат. Едиствено слободно беше движењето на возовите по мостот.

Круз е познат по тоа што самиот настапува во опасните сцени во филмовите и не користи дублери. сп/15:52

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Ким Кардашиан ги разбесни фановите со новата фотографија

Најпознатата старлета во светот Ким Кардашиан обја...

И Путин скокаше по крстот

Рускиот претседател Владмир Путин (65) денеска ско...

Папата венча стјуардеса и стјуард во авион

Папата Франциско ги венчаше стјуардесата и стјуард...

Волк побегна од резерват во близина на училиште во британскиот град Рединг

Волк избега од резерват за диви животни, кој е во ...

Харвард работи на „таблета за генијалност"

Научници од Универзитетот Харвард сметаат дека „ск...